Абел Тасман
Изглед
За други значења на поимот, погл. Абел Тасман (појаснување).
Абел Тасман | |
---|---|
Портрет на Абел Тасман | |
Роден(а) | 1603 Лутјехаст, Холандија |
Починал(а) | 1659 Батавиjа, Холандска Источна Индија |
Националност | Холанѓанец |
Занимање | Навигатор, истражувач поморски капетан |
Сопружник | Клаесиге Хендрикс Јанетје Тјаерс, Јоана Тиерецх |
Деца | ќерка - Класје |
Абел Јансон Тасман (холандски: Abel Janszoon Tasman}; роден во 1603 година во Лутјегаст, Холандија — починал на 10 октомври 1659 во Батавија на островот Јава) — холандски истражувач и морепловец.
Роден е во Лутјегаст, село во покраината Гронинген. Познат е по своите патувања во 1642[1] и 1644 година во служба холандската источно индиска компанија. Неговата експедиција ја сочинувале првите Европејци кои дошле на островот Ван Дименова земја (денес Тасманија и Нов Зеланд). Заслужен е за изработка на географските карати, значајни за делови на Австралија.
Како и кај другите истражувачи, во Тасманова чест се именовани многу места. Тоа се:
- островот Тасманија
- полуостровот Тасман
- Тасмановиот мост
- Тасмановиот авто-пат
- траектот Абел Тасман
- Тасманово море
- на Нов Зеланд, Тасманово ледиште и Национален парк Абел Тасман
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Original map of Tasmania in December 1642“. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 2017-02-11.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Абел Тасман“ на Ризницата ? |